
Веќе се одиграни три натпревари во рамките од 16 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Најинтересно и неизвесно беше во Липково каде што на крајот на победа се радуваше моменталниот лидер на табелата Проект Цико од Валандово. Гостинска победа оствари и тимот на Велес во Кратово а како домакини успешни беа играчите на Железарец во Скопје. Штипските Футсал прволигаши Астибо и Мал Ајакс ќе играат утре, сабота – едниот тимот на Мал Ајакс е домаќин а Астибо ќе гостува.Еве ги досегашните резултати од ова 16 коло:
- Кратово – Велес 1:13
- Карадаку – Проект Цико 3:4
- Железарец – Јувентус Серава 4:2
Утре, сабота ќе се одиграат и преостанатите три натпревари од ова 16 Футсал коло во кое се среќаваат:
4. Шкупи – Кеги Моби
5. Мал Ајакс – Црна Река
6. Арбен Бајрами – Астибо
Сите натпревари поради протоколот на здравствените власти ќе се одиграат без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk