Ликовна колонија „Арт варијации- Стари поток 2020“достапна Дом на култура„Тошо Арсов“- Виница

Во изложбениот салон на Дом на култура „Тошо Арсов“ – Виница ќе биде достапна 4 Ликовна колонија „Арт варијации- Стари поток  2020“ во период од две седмици од 18.03 до 01.04 секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот ќе биде приложена изложбата без  класично отварање. Оваа колонија беше спој на две уметности литературна и ликовна. На колонијата се изработени 20 дела во акрил и масло на платно.

„ Ликовна колонија „Арт варијации- Стари поток 2020 е во организација на Здружението за култура опшествени дејности и наука „Стари поток“ од Кочани кој се одржа во месец септември 2020 година. Каде уметниците  ја проткајуваат нивната фантазија во нивните дела. Претходните три колонии беа од меѓународен карактер. Секој љубител на ликовната уметност според протоколот за заштита од Ковид-19 може да биде дел од оваа ликовна колонија, со почитување на дадените мерки за заштита од пандемијата. Бидејќи, здравјето пред се’ е најважно.  Нам ни претставува огромно задоволство што можеме на сите љубители да им ги прикажеме убавините на ликовното платно. И што Дом на култура „Тошо Арсов“- Виница е дел од оваа колонија.“  Изјавува, Благица Стојановска- Директор на Дом на култура „Тошо Арсов“- Виница.

Надица Стојковска/ М Нет