Приведен скопјанец кај Три Чешми поради агресивно однесување кон полициски службеници

На 17.03.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле  П.Н.(60) од Скопје затоа што во 20.00 часот на магистралниот пат Штип-Велес, кај населбата Три Чешми, штипско, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени задачи. По комплетирање на случајот против П.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.