Голманот на ФК Брегалница Давид Денковски во дресот на Македонија у -21

Селекторот на репрезентацијата на Македонија У – 21 Благоја Милевски го соопшти списокот од 26 играчи кои конкурираат за државниот дрес во пресрет на квалификациите за Европското првенство. На списокот се најде и името на младиот голман на Брегалница Давид Денковски што е голема чест за него и за фудбалски Штип. Младата македонска селекција ќе патува за Анталија, Турција на 21 март каде што ќе одигра три пријателски контролни средби. На 24 март Македонија ќе се сретне со Казахстан, на 27 март ќе игра против Словачка и на 29 март противник на нашата селекција ќе им биде Бугарија. Ова ќе бидат последните филтри за сите наши репрезентативци кои ќе добијат доволна минутажа да го искажа сиот свој талент и добра форма како би го визирале пасошот за понатамошните квалификациски натпревари кои се предвидени да се одиграат во месец јуни. Секако предност во репрезентативните места според зборовите на селекторот Милевски, ќе имаат оние играчи кои ќе бидат стандардни во своите тимови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk