Расте бројот на новозаразени од Коивд -19 во Истокот. 41 ново заразено лице само во Штип

Алармантно вискои бројки на новозаразени од ковид 19 во изминатото деноноќие. Само во Истокот од државата во  7 општини заразени се 85 нови лица, од кои 41 во Штип, 23 во Кочани, 12 во Пробиштип, 9 во Делчево, 8 во Берово, и по 1 случај во Виница и Пехчево. Бројката на новозаразени е за над 6 пати поголема во споредба со бројот на оздравени пациенти во овие општини во изминатото деноноќие. Констатирани се 24 смртни случаи на ниво на државата, од кои 3 во Истокот, односно по еден смртен случај се бележи во Кочани, Берово и Пехчево. Инаку на нивно на државата изминатото деноноќие се направени 4094 тестирања а позитивни се 1293 лица информираат од Институтот за јавно здравје. Ситуацијата со бројките на новозаразени пацинети, очајно повикува на посовесно однесување, почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, и одговорно однесување од страна на граѓаните.