Пораз во Штип на футсал екипата на Астибо од Железарец

Синоќа во Штип се одигра последниот натпревар од ова 15 коло на Првата Футсал лига на Македонија помеѓу екипите на Астибо и Железарец од Скопје. Натпреварот заврши со победа на гостинската екипа од 6:1 ( 2:1). Во првото полувреме играчите на Астибо беа рамноправен партнер што се одрази и на минималното водство на гостите од Скопје. Во вториот дел домашните играчи направија неколку грешки кои гостите знаеја да ги искористат и да постигнат голови а со тоа и да ја заверат победата . Еве ги комплетните резултати од ова 15 коло:

  1. Јувентус С – Шкупи 3:9
  2. Астибо – Железарец 1:6
  3. Проект Цико – Мал Ајакс 17:2
  4. Велес – Карадаку 5:8
  5. Кеги Моби – Кратово 7:4
  6. Црна Река – Арбен Бајрами 2:3

Во следното 16 коло тимот на Мал Ајакс во Штип ќе се сретнат со екипата на Црна Река од Кавадарци а екипата на Астиби ќе гостува во Скопје на тимот на Арбен Бајрами.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk