
Викендов се одигра 4 натпревари во рамките од 15 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Лидерот на табелата Проект Цико оствари убедлива победа против штипскиот прволигаш Мал Ајакс а Јувентус на свој терен загуби од тимот на Шкупи. Гостински победи остварија и екипите на Карадаку и на Арбен Бајрами а два натпревари ќе се одиграат во понеделник меѓу кои во Штип ќе игра екипата на Астибо. Еве ги досегашните резултати од ова 15 коло и средбите кои ќе се одиграат во понеделник:
- Јувентус Серава – Шкупи 3:9
- Проект Цико – Мал Ајакс 17:2
- Велес – Карадаку 5:8
- Црна Рекса – Арбен Бајрами 2:3
- Астибо – Железарец – понеделник
- Кеги Мови – Кратово – понеделник
Натпреварот Астибо – Железарец ќе се одигра утре, понеделник во спортската сала Тошо Арсов во Штип со почеток во 18.45 ч. без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk