Футсал: Лидерот Проект Цико го победи Мал Ајакс а Астибо ќе игра во понеделник

Викендов се одигра 4 натпревари во рамките од 15 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Лидерот на табелата Проект Цико оствари убедлива победа против штипскиот прволигаш Мал Ајакс а Јувентус на свој терен загуби од тимот на Шкупи. Гостински победи остварија и екипите на Карадаку и на Арбен Бајрами а два натпревари ќе се одиграат во понеделник меѓу кои во Штип ќе игра екипата на Астибо. Еве ги досегашните резултати од ова 15 коло и средбите кои ќе се одиграат во понеделник:

  1. Јувентус Серава – Шкупи 3:9
  2. Проект Цико – Мал Ајакс 17:2
  3. Велес – Карадаку 5:8
  4. Црна Рекса – Арбен Бајрами 2:3
  5. Астибо – Железарец – понеделник
  6. Кеги Мови – Кратово – понеделник

Натпреварот Астибо – Железарец ќе се одигра утре, понеделник во спортската сала Тошо Арсов во Штип со почеток во 18.45 ч. без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk