Колку е безбедна за движење ул. „Иво лола рибар“ во Штип?

Улицата „Иво лола рибар“ која се протега во центарот во Штип односно од училиштето „Гоце Делчев“ до местото викано „промаја“, е вистинска опасност за граѓаните кои живеат и минуваат овде. Улицата е едносмерна, со точно поставен знаци, но не и почитување на истите. Граѓаните си минуваат на каде имаат потреба без притоа да бидат санкционирани, тротоар нема а ни простор за движење на пешаците.

Граѓаните од оваа, но и од соседната улица револтирани од неажурноста на надлежните за нивната улица. Посочувајќи дека истата се наоѓа во центарот на градот, дека е доста фрекфетна треба да биде и по средена, а за не совесните возачи да се постават полициски службеници кои ќе воведат ред во возењето.

На оваа улица куќите се од збиен тип, автомобилите паркирани пред портите и дворовите на луѓето. Дури и поставените корпи за отпадоци се оставени на сред улица, па дополнитело се отежнува минувањето и движењето. Дали ќе се постави тротоар на оваа улица и како да се реши проблемот со движењето на возилата одговор побаравме и од надлежните. Градоначалникот на Општина Штип, Николов во телефонски разговор за М-Нет  истакна дека се работи на преземање активности за заштита на безбедноста на пешаците.

Николов упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните знаци, за да се зголеми безбедноста на жителите на оваа улица.

Лаура Стојанова М-Нет