Три лица повредени во сообраќајка кај Крупиште, во судир на возило на брза помош и камион

Страшна сообраќајна незгода се случи денеска нешто по 10 часот на регионалнит пат Кочани –Штип, кај с.Крупиште кога дошло до судир на возило на брзата помош од Кочани и камион.

Возилото на брзата помош се движело од Кочани кон Штип, а пренесувало пациент позитивен на ковид 19, кој имал потешка клиничка слика и требало да биде пренесен во Клиничка болница Штип. Камионот се движел од Пробиштип кон Кочани, а возилото на брзата помош се удрило во задниот дел на камионот. Од СВР Штип информираат само за временскиот период кога се случила сообраќајната незгода. Повредени се три лица, шоферот на брзата помош, сестрата и лицето односно пациентот позитивен на Ковид 19. Од нив сестрата е вратена во Општата болница со проширена дејност во Кочани, а шоферот и ковид пациентот во Клиничка болница Штип. Увид на местото на несреќата извршиле од СВР Штип и јавен обвинител, а помош имало од Територијалната противпожарна единица Штип и Пробиштип. Повредените се здобиле со искршеници, но се надвор од животна опасност. Додека се вршеше увид на местото на несреќата сообраќајот беше пренасочен.

Лаура Стојанова М-Нет