
Денеска последна почит му се оддаде на Горан Гаврилов, сопственик на радио мрежата Канал 77 кој за себе знаеше да каже дека прво е новинар, борец за слободата на говорот а потоа сопственик. Новинари, соработници и пријатели му оддадоа последна почит на комеморацијата за Гаврилов, но зборовите беа излишни да се искаже болката од загубата.
„Знаеше да ми рече, зборовите не се леблебија, па така да ги ронеш, ако е зборот леблебија може секој да ги стапне и да ги смачка, бисер треба да е, ако проба некој да го стапне да се лизне и на теме да падне. И сега што бисер да сронам? Изминатите 18 часа ми поминаа како на филмска лента 2,5 децении заедничко работење.“ беше дел од обраќањето на Глигороска.
Горан Гаврилов беше истанкат долгогодишен медиумски работник, а беше и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.
Поради своето познавање, беше вклучен во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.
Лаура Стојанова М-Нет