Шахпаска: Пописот ќе се одвива согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид 19

Пописот во нашата држава е статистичка операција, а не политичка определба и според Министерката за труд и социјална политика Шахпаска, редно време е истиот да се оствари бидејќи доволно време цели 2 децении сме оставен без да знаеме колку население има во државата.

„При креирањето на наши политики, носењето законски решенија, при носењето одлуки кои треба да одговорат на потребите на граѓаните основно е да ја знаете структурата на вашите граѓани. За нас е битен бројот на вработени, невработеноста во колкав процент е, вклученоста на жените на пазарот на трудот, колку е процентот на еднородителски семејства, колку се корисници на гарантирана минимална помош, значи сеопфатна статистичка операција е пописот и треба да се спороведе“ – истакна Шахпаска.

Пописот започна на 1ви март годинава со попишување на дијаспората и бездомните лица. Шахпаска од претходна посета на Визбегово, истакна дека верува во спроведување на пописот согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.

Пописот во државата ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Лаура Стојанова М-Нет