
По разни шпекулации дека не работат дел од апаратите во Клиничката болница Штип, како и не доволниот инсулин а зголемената потреба на пациентите од истиот, директорот на Клиничка болница Штип, д-р. Георгијев, ги демантираше сите обвинувања.
„Апаратите за реноградија и катаракта работат и се пуштени во употреба повеќе од десетина дена, проблемот е само што има недостиг од кадар за апаратот за катаракта“ – истакна Героргијев.
Во врска со инсулинот се очекува во текот на денешниот ден да се потврди дека не фали ниту еден инсулин во Клиничка болница Штип.
Во врска со имунизацијата на здравствениот кадар во Клиничката болница Штип, досега со првата пратка фајзерови вакцини, вакцинирани се 35 медицински работници, а се очекува во наредниот период сите пријавени а тоа се околу 160 работници да бидат вакцининари против Ковид 19.
Лаура Стојанова М-Нет