Милошоски: Набавката на вакцини од фантом фирма е морално и кривично дело

Денеска во штип средба остварија Антонијо Милошоски, заедно со пратениците Иван Јорданов и Тимчо Муцунски, со што посетија повеќе стопански и здравствени субјекти во Штип. Како една од главните причини за ваквата поста е дополнително зголемениот број на нови 5 ипол илјади невработени во Штип. Можноста на Владата да го изгради новиот клинички центар во Штип и да ги подобри здравствените услови беше дополнителна причина изјавата да се даде симболички токму пред Клиничката болница Штип.

Дирекоторот на Клиничката болница Штип, во днешната средба со новинари во Штип, истакна дека се може да почека дури и изградбата на новиот Клинички центар кога е во прашање здравјето на граѓаните.
Но она на што главно се алудираше е набавката на вакцини од фантом фирма со едвај 3 вработени.

„Главната порака денес од овде од Штип што сакам да ја упатам до македонските граѓани е дека Јавното обвинителство треба да се позанимава со случајот со Министерството за здравство и набавката на вакцини преку фантом фирма која докажува дека Министерот за здравство и Премиерот Заев трчале повеќе по провизии отколку по вакцини“ – посочи Милошоски.

Според Милошоски, едно вакво коруптивно профитерство за вакцини преку фантом фирма е и морално и кривично, неубаво дело, незаконито дејствие кое ги доведува во опасност гражаните на нашата држава.

Лаура Стојанова М-Нет