Започна вакцинацијата со руската вакцина „Спутник“

Од денеска започна вакцинирањето на здравствените работници кои се во првиот борбен ред со ковид пацинетите, со руската вакцина „Спутник“. Оваа вакцина пристигна во нашата држава пред три дена, а истата се чува на температура на -20 степени во ладилници во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Со пратката од 3000 илјади вакцини кои пристигнаа, ќе се користат за првата доза на вакцини кои ќе ја примаат здравствените работници.

„Станува збор за замрзнат раствор, тоа значи дека за разлика од ‘фајзеровата’ вакцина којашто се раствораше и од една вијала се вадеа шест дози, ова е една вијала од 0.5мл за еден корисник на вакцината. Во однос на вакцинацијата, има упатство за претпазливост само кај трудници и доилки и никаква друга контраиндикација“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, имуницазијата на здравствените работници во нашата држава започна на 17 март со вакцини од производителот „Фајзер“ кои пристигнаа како донација од Република Србија. До крајот на месец март се очекува да пристигнат и кинеските вакцини синофарм. За намалување на бројот на новозаразени од Ковид 19, како и спречување на ширење на пандемијата од 22 часот започнува полицискиот час во државата.

Лаура Стојанова М-Нет