
На 04.03.2021 во 10.10 часот во Полициската станица Штип, 50 – годишна жена пријавила дека на 03.03.2021 била измамена од две лица. Според пријавеното, лицата дошле во нејзиниот двор и под изговор дека знаат да гледаат, ја довеле во заблуда и ѝ одзеле златен накит. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.03.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Кочани, 66 – годишна жена пријавила дека околу 16.00 часот била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело до заблуда и ѝ одзело златен накит. Се работи на расчистување на случајот.