Шумската полиција пронајдe бесправно исечени дрва во околината на Штип

На 04.03.2021 во периодот од 13.00 до 20.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип во содејство со Шумска полиција, по преземени мерки и активности за бесправна сеча на дрва, околу селата Шашаварлија, Калапетровци и Кошево, пронашле огревни дрва кои биле бесправно исечени од непознати лица. Пронајдените дрва биле предадени во ЈП-Национални Шуми-Штип. Се работи на расчистување на случајот.