СВР Штип со апел да се преземат сите превентивни мерки за заштита од пожар на отворено

Зголемениот број на пожари на отворено кои предизвикуваат огромни материјални штети, загадување на воздухот и почвата како и создавање грда слика за околината мотив за СВР Штип да излезе со апел до сите да се внимава максимално и да не се подметнуваат пожари на отворено. Односно, поради почеста појава на пожари во периодов, СВР Штип упатува апел до граѓаните на подрачјето на СВР Штип да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од пожар на отворен простор.

Апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се палат стрништа, земјоделски и други површини, да не се пали отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

Од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип, во соработка со надлежните институции ќе се преземат превентивни мерки и активности за заштита од пожари на отворен простор.

Палењето оган на отворен простор, претставува прекршок и казната е парична, но доколку поради небрежност од тој оган се предизвика шумски пожар претставува кривично дело и казната е затвор од три до пет години.    

Доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор да го пријават во надлежните институции и на бесплатниот телефонски број 192.

Последниот пожар кои направи огромни материјални штети беше пред два дена кога гореше поголем дел од кочанското поле заради палење на стрништата и оризовите остатоци од земјоделците.

Лаура Стојанова М-Нет