Книгата е најдобриот пријател на човекот. Голем број на ситуации, настани кои се однесуваат од животот на самиот автор. А, самиот автор преку слики и илустрации ни го доловува дејствието на настанот. Листата на автори во литературната книжевност се повеќе се испишува со ракописи на многу дела на наши автори. Писателката Фросина Пармаковска е добро позната на љубителите на пишаниот збор. А зад себе со многу награди и признанија за нејзините книги. Една од нив е и романот „Одбројување“ кое во 2017 година беше прогласено за Роман на годината. Претставува ретроспектива од најтешките животни искуства, кој пак наговестува на поубави моменти и на поубав живот. Романот „Одбројување“ доби српско издание, во превод на Марина Илиќ.
Романот „Одбројување“ на доби наградата за Роман на годината за 2017 година. Некако сето тоа има свое поврзување и еве денес излезе од печат српското издание. Многу сум задоволна но, се надевам дека романот ќе им се допадне и на српската читателска публика. Се очекува и бугарско издание“. Изјавува, Пармаковска
Роман во кој се опфатени повеќе теми. Темата на лудилото, шизофремијата третманот на истата во една тема на релативно опшество, во една брачна заедница. Тема на неверство, абортусот, сите тие се секојдневни теми со кои што се среќава секое второ семејство во една од овие теми кои ѓи третира овој роман. Теми од секојдневието. За каков вид на одбројување се крие?
„Секој во животот секој од нас очекува одбројување. И сето тоа е средба со самите себеси“. Изјавува, Пармаковска
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет