Започна официјалното собирање потписи против пописот во Штип

Од денеска официјално започна собирањето на потписи против одржувањето на пописот во нашата држава. Пунктови на кои граѓаните можеа да излезат и да се потпишат се поставени во повеќе општини во државата. Во Општина Штип пунктовите беа поставени во централното градско подрачје, местото за штипјани познато како „мал плоштад“.

„Спорни се членовите со кои ќе се предвидува кои се ќе има право на попишување и кој ќе ги дава податоците за сите лица кои што ќе се попишуваат, и затоа како што и претходно ебалориравме во јавноста ги повикуваме сите наши сограѓани секој нареден ден да ни се приклучат и да дадат своја поддржка со потпис“ – истакна Јорданов.

И покрај Ковид пандемијата имаше доста граѓани кои денеска беа излезени во Штип и чекаа да го дадат својот потпис.

Собирањето на потписи ќе трае и во текот на наредните денови во зависност од заинтересираноста на граѓанитеи нивната излезеност. Ќе се зголемува и бројот на пунктови кои ќе се поставуваат на повеќе локации низ општните. Пописот е закажан за 1 април годинава, бидејќи време е да се преброиме истакнуваат од Владата, за разлика од опозициските партии кои бараат негово одложување.

Лаура Стојанова М-Нет