
Кобна беше вчерашната вечер за 88 годишна штипјанка која починала на лице место откако претходно паднала или се фрлила преку прозорецот од сопствениот дом во населба „Сењак“ во Општина Штип.
Според соседите во населбата, кои за настанот не сакаа да зборуваа прд објективот на камерата, истакнаа дека жената живеела мирен живот и нејасни се причините како завршила преку прозерцот синоќе. Тие велат дека сликата била страшна кога телото на жената преку прозорецот завршило во искршените гранки долу. Веднаш била повикана екипа на Брза помош, но тие само ја констатирале смртта. Настанот бил пријавен и во полициска станица Штип, Околку 21 часот. Увид на место на настанот извршила полициска екипа од Секторот за внатрешни работ Штип и Јавен обвинител. Лицето е предадено на обдукција.
Лаура Стојанова М-Нет