Комбинирано во овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 13 коло на Првата футсал лига на Македонија, во Штип ќе се сретнат Астибо – Шкупи

Со одигрување на двe средби синоќа започнаа натпреварите од 13 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Во Кавадарци по голема борба играчите на Јувентус Серава како гости ја победија екипата на Црна Река со резултат 9:7. Во Кратово истоимената екипа на домашен терен загуби од тимот на Карадаку со резултат 13:7. Денес, сабота на програмата се следните натпревари:

Проект Цико – Железарец

Велес – Арбен Бајрами

Во недела 21 февруари ќе се комплетира ова 13 коло со последните два натпревари:

Кеги Моби – Мал Ајакс

Астибо – Шкупи

Натпреварот Астибо – Шкупи ќе се одигра во спортската сала Тошо Арсов со почеток во 19.00 часот без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk