Македонски боксери ќе настапат на младинската „Златна рукавица“ во Белград

Денес во Белград,Република Србија започнуваат боксерските возбудувања на традиционалниот младински боксерски турнир „Златна рукавица“. Од нашата Македонија ќе настапат 15 боксери предводени од тренерите Димитар Ташков, Васко Цубалевски, Мухамет Алин, Харуни и Салиевски.

Штипските боксери ги предводи Димитар Ташков тренер на БК Пинк Пантер а од овој клуб ќе настапат боксерите Ѓоше Ѓошев кој ќе се сретне со Урош Милошевиќ (Србија)во кат. до 69 кгр., потоа Ресул Мамудов кој ќе се бори со Урош Цингелиќ( Србија) во кат.до 64 кгр.и кои ќе боксуваат осмина финални борби.Боксерот на Демирови Елес Асанов ќе се сретне со Тирзоме Енсебит (Романија) во кат.до 56 кгр. и тоа во чеврт финалето на овој силен традиционален турнир. Инаку македонските боксери во Белград се предводени од своите клубски тренери бидејќи нема одредено селектор на нашата селекција.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk