Денес завршува Ликовната колонија „Ѓуриште 2020“

Ликовната уметност нуди можности за стекнување на вештини,  знаења и изразувања. Развива креативност каде се учи да се пронаоѓа значењето во уметничките вредности, каде процесот на ликовната уметност се темели на истражување и творење. Осознавање на карактеристките на уметноста со нејзините уметнички движења , правци и стилови.

Од 04.02.2021 година Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница во својот изложбен салон до денешнава дата, ќе бидат изложени делата од 15-та ликовна колонија „Ѓуриште 2020“ што ја организираа Домот на културата „Крсте Мисирков“ и Општина Свети Николе.  Со вкупно 23 уметнички дела на вкупно 12 ликовни уметници од нашата земја зедоа учество во оваа ликовна колонија. Поттикнати од сликарскиот сензибилитет, со разнообрзна сликарска и ликовна лексика. Ликовните уметници својата ликовна ризница ја збогатија со 24 уметнички дела кои го прикажуваат убавото.

Анастасија Петрова е дел од оваа ликовна колонија која веќе  4 години се занимава со ликовната уметност. Задоволна од оваа колонија што дел од нејзините уметнички дела се изложени во Ликовната колонија „Ѓуриште 2020“.

„Мои две уметнички дела има изложено во Домот на култура „Тошо Арсов“- Виница. Навистина ми претставува огромно задоволство што сум дел од оваа ликовна колонија. Секогаш е убаво кога допринесуваме за ликовната уметност“. Изјавува, Петрова.

Дом на култура „Тошо Арсов“ – Виница изложените 23 уметнички дела од Ликовната колонија „Ѓуриште 2020“ беа без класично отварање поради ситуацијата од корона вирусот. И за сите љубители на уметноста ќе биде достапна до денешната дата. Нам ни претставува огромно задоволство што овие прекрасни уметнички дела се во нашиот изложбен салон. За разнородната транспозиција бидејќи, сликарството повеќе се чувствува отколку што се гледа. Уметникот со својот ум и своите раце го прикажува својот универзум. Изјавува в.д. директор Благица  Стојановска

Надица Стојковска/ М Нет

Игор Зиврев/ М Нет