
Полни три години штипските фудбалски „пилиња“ се вгнездуваат во школата наречено „Форца“ каде што под раководство на спортскиот педагог Мирко Јакимовски ги трасираат првите фудбалски чекори. Капиите на оваа фудбалска школа се постојано отворени за сите оние кои што ја милуваат фудбалската игра, деца на возраст од 4 до 12 години. Навлегуваат во овие тајни, стрплiво ги изучуваат ги надградуваат на напорните тренинзи а своите атрактивни потези ги прakтикуваат на натпреварите во рамките на Детската лига на Македонија.

Две натпреварувачки сезони се во нозете на овие мали фудбалери кои за жал годинава присилно поради пандемијата мораа првенствено да паузираат. Зад нив се многу натпревари со своите врсници претежно од источниот дел на Македонија, имаат настапувано и во соседните земји, пронаоѓајќи нови врски, нови детски пријателства а на меѓусебните натпреварувања согледуваат и некои нови атрактивни потези. Фудбалската школа на Форца можеби единствени во градот за своите млади, но и повозрасни фудбалски таленти кои изникнале, изртале од ваквите наши школи и веќе зачукале и играат во младинските репрезентативни селекции на Македонија, организираат веќе традиционално пред новогодишна забава. Забава која изобилува со детски џагор, враголии и многу забава. Сите тие заслужуваат внимание од раководството на оваа школа календарски годината да ја испратат во заедничка дружба, радост, раздраганот, опуштеност и секако наполнети со ново другарско сознание и пред се враќање на фудбалските првенствени возбудувања со искажување на сиот свој раскошен талент. Па нека им е со среќа тригодишниот јубилеј со надеж и желба за успешна фудбалска сезона.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk