
Во изминатиот вијкенд се одиграа 1/8 финалните натпревари во рамките од купот на Македонија. Интересно и двата штипски прволигаши отпаднаа од понатамошните куп натпревари во кои беа поразени дома, Мал Ајакс загуби од Црна Река а Астибо кој требаше да игра на гости, но со меѓусебен договор се играше во Штип при што доживеа пораз од тимот на Велешта. Еве ги комплетните резултати од ова 1/8 куп финале:
1, Железарец – Шкупи 1:4
2. Арбен Бајрами – Проект Цико 3:1
3. Кеги Моби – Овче Поле 7:2
4. Мал Ајакс – Црна Река 3:4
5. Кратово – Велес 6 :7
6. Клими – Карадаку 3:8
7. Астибо – Велешта 6:10
8. Јувентус Серава – Шкендија 5:5 на пенали победа на Јувентус
Екипите на Шкупи, Арбен Бајрами, Кеги Моби, Црна Река, Велес, Карадаку, Велешта и на Јувентус Серава се пласираа за четврт финалните натпревари и ждрепката ќе реши кој со кого ќе се сретне а за термините дополнително ќе информираме.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk