Покажете ја хуманоста на дело, сите заеднички да му помогнеме на Љупче

Животот за едни е мајка за други маќеа. Од различни причини, разни недоразбирања меѓу возрасните страдаат најмалите децата. Кога судбината ќе завитка конци, сплетот од околности негативно се одразува на најмалку виновните децата. Од неважни причини родителите живеат без да се венчаат, детето се раѓа вонбрачно. Во тој момент го зема презимето на неговата мајка, старателството и припаѓа нејзе но не и одговорноста.

Повеќе од година дена, Љупче живее живот од денес за утре. Секоја работа која ја извршува самостојно е со цел да спечали за парче леб за неговиот малолетен син. Без социјална помош, и со детски додаток кој го зема мајката, едвај преживуваат. Родителската грижа неговиот син ја добива само и единствено од него.

Надлежните институции се запознаени со случајот, но како што вели Љупче, од нивното ќе средиме колку што можеме нема ништо.

За случајот одговор побаравме и од Центарот за социјална работа. Тие потврдуваат дека се запознаени со случајот и дека од нивна страна е преземено се што е потребно.

Љупче се труди колку што тоа му го дозволуваат условите, но помошта од хуманите граѓани сега му е најпотребна. Затоа со апел до сите оние кои се во можност, да бидат хумани и помогнат, без разлика дали тоа ќе биде со облека, храна или хигиенски средства кој за вас можеби нема да значат многу а нему цело богатство.

Лаура Стојанова М-Нет