
Вчера и денеска штипјани, односно повисоките делови и населби од градот под Исарот можеа да го почувствуваат намалениот интензитет на водоснабдување, заради адаптација на сегашната филтер станица Штип со хидро системот Злетовица, од каде што штипјани ќе се снабдуваат со вода за пиење. Зафатот е преземен од страна на приватна компанија која го добила тендерот. Но од овде во јавноста се појавуваат и низа не расчистени прашања во врска со материјалот на цевките и квалитетот на вода кој стигнува до домовите на граѓаните. Во заблуда колку азбестните цевки стари 30 години во мрежата за водоснабдување в Штип можат да пренесат квалитетна чиста вода за пиење. Азбестот предизвикува канцер, и многу други опасни болести па од овде и сомнежот кај населението за тоа колку се квалитетни истите. За оваа тема побаравме одговор и од ЈП „Исар“.
„ Азбестните цевки во филтер станицата во Штип постојат 20 30 години. Не е точно дека истите се забранети. Ние пренесуваме вода преку азбестни цевки но истите не се опасни. Впрочем доколку овие цевки се во допир со воздух предизвикуваат канцер, но не и доколку се во допир со вода. Тврдам дека водата која се пренесува до домовите на граѓаните е чиста и квалитетна а таква ќе биде и водата која ќе ја добиваат преку хидросистемот Злетовица„ – стоеше во изјавата на Тасев.
Тасев исто така информираше дека работите со адаптација на вториот цевковод за поврзување на филтер станицата Штип со хидросистемот Злетовица се одвива во најдобар ред, без потешкотии. Во текот на вчерашниот ден имало мал проблем околу влезот и излезот на вода, но истиот е решен, и цевководот е поврзан.
Лаура Стојанова М-Нет