Стаклен отпад во паркот во населбата „8ми Ноември“ Штип ја засени сончевата идила

Убавото сончево време ги повика граѓаните да излезат и прошетаат низ парковите, децата да играат а возрасните да уживаат. Сликата на насмеани лица не изостануваше ниту во паркот кај населбата 8ми ноември во Штип. Прекрасната сончева идила која и не е вообичаена за овој временски период од годината, предизвика вистинска позитива реакција кај штипјани, па поголемиот дел од нив не ја пропуштија можноста да излезат и да уживаат во сонцето.

Во дојава од граѓани, во врска со безбедноста вашето дете да го прошетате во овој дел од градот, излеговме на терен. Искршени шишиња, крупни и ситни парчиња стакло беше сликата која за затекнавме во тревата, по тротоарот, покрај поставените контејнери. Опасност некој не сакајќи да биде повреден, од невнимателност или други различни причини, а зошто заради несовесноста на граѓаните или неажурноста на институциите. Оваа вина постојано се префрла од една на друга страна, за на крај некој невин да остане повреден. Штипјани велат дека искршениот електричен отпад и стаклен отпад неколку дена стои надвор од местото за таа намена. Одговор побаравме и од ЈП „Исар“.

„ Има поставени контејнери како за електричен отпад така и за стаклен отпад. Сакам да напомена дека граѓаните треба да знаат дека во контејнерите за стакло треба да се фрла стаклени шишиња а не секаков вид стакло, и потребно е истиот да завршува во контејнерот не околу него бидејќи потешко е за негово отстранување. Ние како јавно претпријатие немаме надлежност со контејнерите за стакло. Но, сакам да  апелирам до граѓаните да бидат поодговорни бидејќи си наштетуваат на самите себе како прво, а како второ грда е сликата во парковите и останатите места во општината.“ стоеше во писмената изјава на Тасев.

Се очекува овој опасен отпад да биде отстранет од зелените површини и тротоарите за штипјани побезбедно да можат да излезат и прошетаат, да уживаат а сонцето и да бидат сигурни дека нивните најмили безбедно на крајот од денот ќе си отидат дома.

Лаура Стојанова М-Нет