
Во дојава од граѓани, и искрена жалба од нивна страна, во врска со прекинатата пешачка патека покрај коритото на река Отиња, заради изградбата на паркинг платформата кај Здравниот дом во Штип, екипата на М-Нет телевизија беше на терен. Она што го забележавме на лице место, го преточивме во прилог кој ја заинтересира јавноста а воедно и надлежните, кои вчера останаа глуви за изјава. Градоначалникот на Општина Штип, д-р. Николов, со демант на она што навистина се случувало, односно дека кажаното се одвивало без конкретен одговор од нивна страна.
„Пред некој ден по барање на граѓани, од медиумите имаше прилог дека одредени делови на шеталиштето се запоставени што не е точно. Затоа апелирам до опозицијата, до новинарите и до сам себе и до сите вработени во мојата општина дека пред да се искажат били какви изјави, треба да се консултираме, да разговараме“ – истакна Николов.
А одговор беше побарано, но од општината не одговорија ниту позитивно ниту негативно. Немаше ниту известување дека изјава ќе има и треба да се почека. Изјавата стига утринава на прес конференција која ја свика градоначалникот и даде објаснување што се очекува, и на кој начин проблемот со шеталиштето покрај коритото на река Отиња ќе биде решен.
„ Конкретно за конзолите имаше вчера реакција, дека е блокирано шеталиштето, но треба да знаете дека таа конзула сеуште не е пуштена во техничка употреба, и ние веќе десетина дена разгледуваме опции како да го решиме проблемот со шеталиштето“ – посочи Николов.
Б платформата во центарот на Штип сеуште не е пуштена во употреба, но со поставувањето на светлото се очекува истата да почне со функција во најкраток можен рок. А проблемот со шеталиштето, просторот за пешачење покрај коритото на река Отиња, останува времето да покаже кога и на кој начин ќе биде решен. Градоначалникот Николов со неофицијален став за поставување на скали со ограда од страна за побезбедно движење на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет