Македонска Каменица на еден ден стана како Холивуд

Градот Македонска Каменица на еден ден стана како Холивуд имаше несекојднево случување и нешто интересно за граѓаните кои поминуваа покрај стариот трговски центар местото викано борчето и автобуската станица. Се снимаа последните сцени од краткиот игран филм на продукцијата Кино око по сценарио и во режија на Марија Апчевска. А како статисти беа ангажирани и лица од Македонска Каменица пет девојчиња на возраст од 16/17 години и пет мажи и жени над 30 години.

прв пат се пријавувам на ваков кастинг интересно ми се виде каменица има капацитет за вакви снимања.

И на мене ми е ова прво искуство нешто поразлично е од секојдневието и ми ги пробуди интересите кон актерството

 Во филмот се разработува приказна за 16 годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. „Северен пол“ беше еден од двата наградени проекти на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.

Заедно со режисерката посетивме повеќе локации но на Марија и се допадна старата стоковнакуќа во каменица сакам да се заблагодарам на локалната самоуправа овде во каменица исто така и на другите локации каде што снимавме комуналното претпријатие и полицијата што ни излегоа во пресрет за да можеме да го реализираме снимањево овде.  Мете Ковачевски – менаџер на продукција Кино око

Филмот се снима на 16mm филмска лента и е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков од Кино око, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од Сервиа Филм. Финансиска подржка за реализација на овој краток игран филм има од Агенцијата за филм на Република Северна  Македонија и Српскиот филмски центар.