
Македонска Каменица и Чешиново Облешево се првите две општини во нашата земја кои ќе ги имплементираат Договорите за заштеда на енергија и заедно со Македонски телеком ќе работат на развивање на енергетски ефикасно осветлување на улиците. Средствата за програмата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, преку Регионалната програма за енергетска ефикасност, која е дел од програмата за инвестирање на Западен Балкан, финансирана од ЕУ и поддржана од Енергетската заедница. Договорот за заштеда на енергијата ќе понуди модел на договори кои овозможуваат имплементација на проекти за енергетска ефикасност за осветлување на улиците, реновирање на згради, ефикасно греење и опрема за осветлување, во новите и старите згради.