
На 11.01.2021 во 10.00 часот во СВР Штип, Д.С.(41) од Штип пријавил дека во временскиот период од од 20.00 часот на 10.01.2021 до 09.00 часот на 11.01.2021, непознат сторител со употреба на сила и подобен алат насилно влегол во манастирот „Св. Троица“ во Штип , при што одзел пари и клучеви. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.