
Во време на светска пандемија, кога економијата оди во надолна линија, единствено нешто што останува и понатаму во раст се основните продукти за живот, во конкретниов случај тоа се водата е лебот. Штипјани сметката за вода за јануари 2021 година ќе ја плаќаат поскапо за 5,4%, или поедноставно кажано ако за потрошени десет кубика вода досега се плаќало 319 денари, со покачувањето ќе се плаќа поскапо за речиси 16 денари. Оваа одлука за поскапување на водата во Штип, ја носи Регулаторната комисија врз основа на финансискиот извештај за 2020 година. Лебот пак поскапува на територијата на целата држава, односно некои видови леб поскапуваат за 20%, и тоа се должи на поскапувањето на пченицата и брашното од жетвата за 40 проценти. Одовде се појавува и незадоволството кај граѓаните во Општина Штип, според кои нема логика да се кренат цените на основните продукти за живот на мали плати и пензии.
Покачувањето на цената на водата во Општина Штип, останува константна. Позитивна вест е дека штипјани во 2021 година, на сметката која ќе ја добијат за вода, ќе ја плаќаат ставката за отпадни води со намалување за 6,67%. За лебот се остава простор самите мелничари да одлучат дали ќе преземат ваков чекор и дали ќе ја кренат цената на истиот. Инаку, во Македонија последните година две цената на некои видови леб беше од 13 до 15 денари, што донекаде беше пристапна за граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет