
„Сеуште сум во Перу, блокиран сум во Куско сместен сум во хотел а од Понеделник ќе се селам во стан, чекам како ќе се одвиваат работите, би сакал да продолжам понатаму, иако засега не знам колку е тоа реално“ – беа зборовите на Кико Митев денес точно на пладне по наше Македонско време. Корона вирусот стигна и во Перу,засега има околу 300 заболени, бројката постојано расте, но во рамките на очекувањата. Населението е мошне дисциплинирано, скоро да нема луѓе по улиците почитувајќи ги препораките на институциите на Перу а властите си ја работат својата зацртана контролна работа.

Што се однесува до здравствената состојба нашиот Кико вели дека нема напревено никаква проверка бидејки се чувствува одлично, нема никакви проблеми а со тоа и нема потреба од проверка. До пред една недела Кико Митев уживаше во преубавите предели на Еквадор, во Колумбија, се воодушевуваше на храброста на луѓето во делот на Амазонија а ја имаше честа негова нога да стапне и самиот тој да ја вдахне духовноста на Инките на светски познатиот локалитет Мачу Пикчу, по што стигна наредба за затворање, така да е и впишан како Македонец последен посетител барем додека трае оваа Корона криза. Како сета оваа убавина која прородата ја расфрлила со бујна вегетација, чисти и бистри езерца, планински врвови од кои се шири видикот кон Пацификот наеднаш се преслика во ненадеен карантин,меланхолија, можеби и депресја во полузатворена хотелска просторија, празни улици без луѓе ја доживува и преживува Кико Митев, – „ Ова е голем удар за мене, ова беше мое животно патување за кое се подготвував со години и психички и физички, со големи финансиски издатоци и на крај ме спречи еден вирус.Останува да гледам позитивно на работата и да барам логично објаснување, најверојатно треба уште многу да научам за да стигнам до крајот на светот (Ушуаја) “ – искрен е Кико Митев.

Благодарејки на овие патувања во текот на овие три месеци по Јужна Америка , со променета филозофија за животот а полн со енергија Кико Митев остава простор за нови авантури, смели подвизи и истражувачки мисии зачинети со патувања во атрактивни и непознати предели. Прва на мета верувале или не, е нашата чудесна Македонија. Кико Митев уште отсега крои планови, собира информации, контактира луѓе, создава тим и бара соработка со медиуми за истражување на Македонија, од Берово до Тетово, од Куманово до Гевгелија откако научи доста работи од оваа ситуација значително посилен и мотивирачки по мудар. Македонија е подрачје интересно за многу мисионери, истражувачи, љубители на природата кои со години и децении постојано се присутни. Во едно интервју со Доктор Јовица Угриновски – Претседател на Планинарскиот сојуз на Македонија пред десет години, тој Македонија ја опиша како подрачје или територија во која на некои места сеуште на стапнала човечка нога. Мислата ја дополни со богатиот избор на најразлични, билки, чаеви, растенија, плодови кои се присутни во текот на сите 12 месеци од годината, почнувајќи со Коќичиња, Јорговани, Кајсии, Цреши, Бостан, Круши , Јаболки, завршувајќи со Ореви и Костени при крајот на годината. Токму од тука идејата на Кико Митев за истражување на Македонија заслужува внимание, респект и почит со надеж наскоро да ја реализира. За крај го прашав Кико какви се контактите со Македонските власти, дали има сознанија за други Македонци во Перу и за можноста за организирано враќање назад дома.
– „ Немам контакт со властите и не знам дали има други Македонци во Перу“ – нагласи Кико и дополни „ За да стигнам до Македонија треба да променам 3-4 лета а тоа не е најпаметно во овој момент. Не би сакал да го загрозам моето здравје а и здравјето на другите па затоа решив да останам овде и да се борам сам“ ја заврши мислата Кико оставајќи впечаток на достоинствен Македонец кој и во овие судбоносни, тешки моменти со ваквиот пристап влева сигурност, дава надеж за него и за сите околу него и исконска желба да успее во животот. Па со среќа нека ти е Кико Митев престојот во Јужна Америка со желба за реализација на сите твои зацртани планови.
Драги Герасимов – Пушка