
Објавена е листата на фирми кои земале помош од државата за исплата на плати на своите вработени, но истата не ја исплатиле. Всушност, од страна на Владата на Македонија, излегоа со финансиска помош за фирмите кои заради Ковид пандемијата, претрпеа загуба, и им беше потреба поддршка. Но, дел од нив и покрај тоа што ја добиле таа помош не ја исплатиле на своите вработени, а парите завршиле во нивниот џеб. Над 240 компании ќе добијат опомени за неисплата на плати, и доколку тоа не го сторат во рок од една седмица ќе следи присилна исплата на плати со блокада на нивните трансакциски сметки. Во Источниот дел на државата, по 4 фирми не исплатиле плата во Општина Штип и Кочани, а по една компанија во Виница и Делчево. Без својата плата во последните три месеци од 2020 година останале 782 вработени лица од 245 работодавачи. Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Вакви недостатоци со неиспалаќање на плати имаше и претходно во вториопт квартал на 2020 година, и за нив е покрената присилна исплата.
Лаура Стојанова М-Нет