
Пожарот во еден од најголемите објекти „Глобал“ во Струмица, е всушност реалноста која може да се случи било кога и било каде. Но помошта, хуманоста и големината се оние кои се гледаат и навистина ценат во вакви тешки моменти. Општина Штип, солидарноста ја покажа со самоволно учество во гаснењето на пожарот.
„Преку социјалните мрежи дознавме дека има голем пожар во Струмица во комплексот „Глобал“, и веднаш со контактот на нашиот градоначалник со градоначалникот на Струмица решивме да испратиме и ние помош при интервенција со едно противпожарно возило и 4 пожарникари. 30 минути по полноќ ние тргнавме за Струмица, екипата безбедно стигна, учествуваше во акцијата на гаснење на пожарот, се до завршувањето на пожарот и веќе 15 минути пред 5 часот екипата беше во базата“ – истакна Тони Атанасов, началник на ТППЕ – Штип.
Бидејќи стануваше збор за пожар во урбана средина, противпожарната единица Штип, на местото на настанот пристигна целосно опремена која се користи за гаснење на пожари, како и заштита на пожарникарите.
Територијалната противпожарна единица Штип располага со 32 пожарникари, 6 противпожарни возила и 1 теренско возило, и сите се од најразличен период, 1 цистерна и 1 возило за дејствување при сообраќајни незгоди.
„Мислам дека пожарникарството и време е да дојде во една поголема оперативна подготвеност бидејќи не знаеме кога што ќе се случи – кажа Атанасов.
Лаура Стојанова М-Нет