„Милтекс-кал“ изработува заштитни маски за потребите на Делчево

Во делчевската фирма „Милтекс-кал“, деновиве интензивно се шијат  платнени заштитни маски, кои ќе бидат донирани за потребите на делчевската полиција, здравствените работници,вработените во царинската испостава Делчево, на пожарникарите, на сите ученици од основно и средно образование кои ќе бидат поделени преку нивните класни раководители и мобилни тимови формирани од општината, на децата од Дневниот центар, на Здружението на пензионери и на сите лица од социјално ранливите категории. Се изработуваат околу 6000 парчиња маски, од платно за повеќекратна употреба. Локалната власт во Делчево врши напори за обезбедување на уште 8000 заштитни маски за мпотребите на граѓаните. Маските ќе почнат да се дистрибуираат од денеска.