Се подобрува уличното осветлување во населба Абланица кај Берово

Општина Берово, продолжува со проширување на мрежата на улично осветлување, во туристичка населба Абланица. 

Паралелно со инсталирањето на нови линии, за улично осветлување и докомплетирање на постојните, се вршат и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места и се вградуваат нови.

Проширувањето на мрежата за јавно осветлување, значително ќе ја подобри осветленоста во оваа туристичка населба и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Општина Берово, и во наредниот период, ќе продолжи со активности за проширување на мрежата на јавно осветлување на повеќе локации, така наскоро и кејот на река Брегалница ќе биде комплетно осветлен.