
Часови се бројат до новогодишната ноќ, до дочекот на новата 2021 година. Нетрпеливо се очекува да заврши оваа и не така добра и убава година, но сепак таа е на самиот крај. Предновогодишната еуфорија не е иста, граѓаните подготовките ги имаат сведено на миниум бидејќи и прославата е забранета, групирањето ограничено на 4 лица во затворен и отворен простор, плоштадите ширум државата се без традиционалните забави, а за оние кои и покрај се решиле да прославуваат поставена е бесплатна анонимна телефонска линија за пријави, доколку не се почитуваат мерките за спречување на ширење на корона вирусот.
Сепак во кругот на најблиските, ќе и се оддаде последна почит на годината којшто изминува, со желби за многу поуспешна 2021 година.
Порака за среќни Новогодишните и Божиќни празници упати и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
Можеби не можеме да се прегрнеме, но топлината, блискоста, љубовта се чувствува и преку делата, преку зборовите, гестовите. Можеби не во најдобро светло, но еве на крајот сме на уште една година, па не ни преостанува ништо друго освен да ја испратиме 2020година, во кругот на најблиските, да ги почитуваме мерките за заштита од ширење на ковид пандемијата, и да празнуваме одговорно.
Лаура Стојанова М-Нет