
Повеќето фудбалски првенства ширум Европа мируваат а играчите се на заслужен зимски одмор. Еден од нив е и нашиот штипјанец Бојан Миовски кој после напорната есенска полу – етапа во Унгарската Прва OTB Bank лига се врати во родниот град во кругот на најблиските. Броените денови се секогаш брзи, додека трепне човек и веќе деновите одминале. Бојан ги средуваше формалностите за враќање назад во Унгарија, но имаше време да одвои за спортската редакција на Mnet TV и да даде ексклузивна изјава.

– „ Да си дома со блиските е вистински одмор и релаксација особено во услови на пандемија кога сите свои се околу тебе и силно те подржуваат. Деновите брзо одминуваат и веќе веднаш по Нова Година се враќам во Унгарија бидејќи веќе на 3 јануари започнуваме со подготовки. Оваа година поради општата пандемија подготовките ќе се одвиваат на домашен терен, односно во спортскиот центар во Будимпешта. Што се однесува до приемот, мошне сум задоволен од сите таму и од раководството и од соиграчите, се оддолжив со добри игри и постигнати голови. Засега постигнав 6 голови и две асистенции на 13 првенствени натпревари и два гола и една асистенција на куп натпревари. Од новата година и пролетната фудбалска сезона очекувам повеќе голови, повеќе предизвици и секако успех на тимски план“. – изјави Бојан Миовски.
Колку за потсетување екипата на Бојан Миовски – МТК есенската полуетапа ја заврши на 3 место со 25 освоени бодови, прв е тимот на Ференцварош со 38 бодови а втора е екипата на штипјанецот Бобан Николов Мол Фехервар со 29 бодови. Од името на редакцијата на Мнет Телевизија среќни новогодишни и божиќни празници на Бојан Миовски со желба за здравје среќа и успешна фудбалска кариера.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk