Учениците од четврта година во Каменичката гимназија кои што се обврзани да полагаат матура за да ја земат дипломата за завршено средно образование пазарниот ден го искористија поради поголемата фрекфентност на луѓе низ улиците да излеат пак на протест и искажат својот револт и незадоволство по ова прашање.
Откако не добивме никаков одговор на барањето целосно да се укине матурата направивме компромис и мислиме дека најлогично и најсолидарно решение би било да се усогласиме со скратена верзија на матурата од која се подразбира полагање на два предмети од кои прв предмет би бил мајчиниот јазик и вториот би бил изборниот предмет ито така и да остане опцијата за проектна задача очекуваме разбирање и брз одговор од страна на МОН. Кристина Накова
Пред се би го изразиле нашето чувство на гнев кој беше подтикнато од правење промени во образовниот систем за кое сметаме дека моментално не би требало да бидат ставени пред нашето барање. Во моментот мислиме дека нашето барање треба да се земе во прв план. Иле Соколовски
Побаравме одговор и од страна на училиштето дали и како ќе се санкционира неоправданото отсуство на матурантите од онлајн наставата кои што не беа расположени за давање на изјава за медиуми и не упатија на нивната официална страна за се што не интересира каде биле пласирани сите информации со кои располгаат и што треба да прават учениците а станува збор за распоредот на пополнување пријава за матура што ќе се одвива три дена 22 23 и 24 декември од 12:30 до 14 часот по еден ден за секој клас нормално со почитување и практикување на сите протоколи предвидени со закон за заштита на здравјето од корона вирусот.