Од денеска угостителите клуч на врата ќе ставаат во 18 часот

Од денеска стапува на сила одлука на Владата за угостителите, со која тие клуч на врата треба да стават во 18 часот, наместо како што работеа до сега до 21 часот. Оваа одлука беше прифатена по претходно барање од Комисијата за заразни болести, и со тоа што угостителите ќе работат до 18 часот од денеска 18 декември, до 20 jануари на полноќ наредната година, се намалува можноста од нагло ширење на ковид пандемијата за време на празниците. Се интензивираат и контролите организирани од страна на Владата за да се види колку се почитуваат мерките.
„На последната Владина седница се усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за нови мерки за спречување за ширење на корона вирусот, со кои работното време на угостителските објекти се ограничува до 18 часот, во периодот од 18 декември до 20 јануари, и се забранува организирање на новогодишни прослави од страна на работните организации, а секако на сила остануваат и сите други мерки утврдени со Ковид протоколите“ – беше дел од обраќањето на Грашкоска, претседателка на Инспекциски совет.
Во периодот од 7ми до 16 декември, седумте инспекциски служби спроведоа вкупно 6944 надзори и контроли. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во истиот период извршиле 5031 контрола и 510 надзори, во врска со почитувањето на здравствените мерки и протоколи на угостителските објекти.

Лаура Стојанова М-Нет