Сопствениците на куќи што имаат свои дворови но и оние кои живеат во станбени објекти голем дел од нив одгледуваат цвеќиња и прават воодушевувачки цветни анражмани. Сега сме во предиод од доцна есен и пред почеток на зимата кои растенија можат и успеваат да ги преживеат промените од годишниве времиња.
Како најзастапени цветни растенија во овој период од годината се хризентемите кои што цветаат од почетокот на есента па се до доцна есен, така што ги садиме на постојани места предходно подготвени цветни леи каде што можат да останат во текот на зимата, зимските мразеви не им представуваат потенцијална опасност, така да во текот на зимниот период надземните делови им се сосушуваат ги кроиме а подземните деови остануваат се до наредната пролет кога што си потеруваат нови изданци и така ги спремаме ги оформуваме се до наредната есен и представуваат вистинска цветна есенска кралица која што изобилова со најразлични цветни бои од нив правиме цветни бордури формирани во цветни леи со што придонесуваме за поубав цветно декоративен изглед. Влатко Димитровски – инжинер за хортикултурно уредување
Покрај есенската кралица хризентемата доста барани цвеќиња се и љубичиците т.е виолата а нејзиниот цветот може да се најде во повеќе бои.
Во овој период исто така застапени се и виолата или темјанушката која што во овој период ја садиме од почетокот на есента, тие се две годишни цвеќиња и цвета негде до средината на летото во зависност од временските услови но до средината на јули месец кои што ги садиме во текот на зимата не страдаат од ниските температури подземниот дел создава длабоки корени се шири и бокури така да во пролета над земниот дел убаво се развива исфрлаат многубројни цветови и цветаат од рана пролет па се до средина на летото. Влатко Димитровски – инжинер за хортикултурно уредување
Каранфилот е третото растение кое не угинува преку зимата кој се фокусира кон развивање на добар коренов систем за да се обезбеди со доволна количина на хранливи материи за прехранување во зимата.
И каранфилот не страда во зимата останува во земја посаден во текот на целата зима а кога завршува цветот на овие растенија се заменуваат со пролетни и слободно можам да кажам дека во сите 12 месеци постојат прекрасни цвеќиња за сечиј вкус. Влатко Димитровски – инжинер за хортикултурно уредување
Оние љубители на цвеќе кои што имаат хризентема и се чуваат дома во домашни услови со препорака да не се преместува од досегашното место и кроење до десетина сантиметри во висина.
Оние кои чуваат хризентема дома се препорачува да не се врши промена на постојаното место и можат да се искастрат (ошишаат) до 10 тина сантиметри во висина со повторување на постапката неколку пати. Влатко Димитровски – инжинер за хортикултурно уредување
Долг и чуствителен е целиот процес на добивање растение од семе потребна е оптимална температура заштита од надворешните влијанија како што е влажноста на самиот воздух ветер и слично.
Најоптимална температура за ртење на есенските семиња од 17 до 23 степени во тој дијапазон. На таа температура заштитени од надворешните влијанија семето најбрзо и најуспешно прортува и се третира со најразлични препарати почнувајќи од најразни фундициди, инсектициди, прихрани навистина е долг периодот од самото ртење па се до завршување на цветниот век посветено големо внимание за тие да бидат здрави и во витална состојба. Влатко Димитровски – инжинер за хортикултурно уредување
Со поголема едукација слушањето совети од стручни лица за декоративно уредување вашиот двор или балкон може да има изглед од милион долари на кој многумина од соседите оние кој поминуваат покрај него ќе му подзавидат.