СВР – Штип им ги честита новогодишните празници на граѓаните на РСМ, со апел за поголема заштита и безбедност

Секторот за внатрешни работи – Штип, по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници им ги честита празничните денови на граѓаните на Република Северна Македонија.
Имајќи во предвид дека пред и за време на истите од страна на граѓаните неовластено се набавуваат и употребуваат пиротехнички средства, ги известуваме граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир а може да дојде и до предизвикување на тешки последици по здравјето и телото на граѓаните.
Исто така имајќи во предвид дека во овие денови има прекумерна употреба на алкохол кој е најчеста причина за нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување на сообраќајни незгоди, апелираме до сите граѓани да не управуваат моторно возило кога се под дејство на алкохол, а кога учествуваат во соообраќајот тоа да го прават крајно внимателно почитувајки ги правилата и прописите од безбедноста на патниот сообраќај.
Покрај тоа апелираме до граѓаните пред да ги напуштат своите домови да ги превземат сите неопходни мерки за заштита на истите од кражби и тешки кражби.
Поради тоа апелираме до граѓаните да ги почитуваат Законските прописи, а посебно препораките на Владата за заштита и спречување од ширење на коронавирусот Ковид 19, да соработуваат со полицијата, доколу истите имаат нешто да пријават, тоа да го пријават на полициските службеници на терен лично или преку бесплатниот телефонски број 192.