По замената на стариот и воведувањето на нов штедлив „смарт“ систем на осветлување на целата територија, општина Македонска Каменица продолжува со инсталирање на нови енергетски ефикасни системи за осветлување. Покрај предвиденото осветлување на градскиот кеј на Каменичка река, општина Македонска Каменица започнува со реализација на проектот за осветлување на дел од магистралниот пат А3 (влез и излез од градот).
Општина Македонска Каменица аплицираше преку источно планскиот регион и бирото за рамномерен регионален развој доби околу 8 милиони денари за реализација на проектот за осветлување на влез и излезот од Македонска Каменица останатиот дел до десет милиони и 300 ќе ги кофинансира општината тоа ни беше целта, во изминатата година општината реализира еден капитален проект замена на уличното осветлување со ново штедливо. А овој поточно е и регионален проект затоа што се работи за осветлување на магистралата А3. Соња Стаменкова – градоначалник на Општина Македонска Каменица
За реализација на овој проект, вкупно се потребни 10.388.055,00 денари. Поголемиот дел од средствата се обезбедени преку Бирото за рамномерен развој, со поддршка од Источноплански регион (ИПР), додека останатите средства се издвоени од Буџетот на општина Македонска Каменица.