
На 14.12.2020 во 10.20 часот полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.И.(56) од Штип , затоа што околу 08.40 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип агресивно се однесувал кон вработен во Јавно претпријатие за комунална хигиена. Запознат е Јавен обвинител и по комплетирање на случајот против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.