Прва Македонска лига – фудбал: Во среда ќе се одиграат натпреварите од вонредното 18 коло

Фудбалските прволигаши на Македонија утре,среда ќе ги одиграат натпреварите од 18 првенствено коло . Лидерот на табелата, Шкендија есенската титула може да ја завери во Тетово каде што ќе гостува битолски Пелистер кој пак годинава не е во форма. Второпласираните екипи на табелата Македонија ЃП и на Шкупи исто така ќе бидат домакини на Ренова,односно на Струга Трим Лум. Еве ги комплетните натпревари за ова 18 коло:

  1. Шкендија – Пелистер
  2. Беласица – Вардар
  3. Македонија ЃП – Ренова
  4. Шкупи – Струга Т Л
  5. Работнички – Борец
  6. Силекс – А. Пандев

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 16 декември 2020 г. со почеток во 13.00 ч. без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk