После објавената приказна од месното население во каменичкото маало павлиждол во село Моштица во која кажаа дека особено во летните денови нема доволна количина на вода поради објективно информирање што е и наша основна цел ја прашавме и другата страна која е засегната во посочениот проблем што и кои се активностите за решавање на истиот ова е одговорот.
По преземањето на локалната власт од страна на јавното претпријатие и општината Македонска Каменица се пристапи кон скенирање и увид на водоводните мрежи на територија на општина македонска каменица меѓу кои и споменатиот водовод во маало павлиждол при што беше констатирано дека истиот е изграден во 70 тите години и изведен од азбесни цевки од страна на општината веднаш се пристапи кон изработка на проект по сите стандарди при што се направи доградба и реконструкција на самиот водоводен систем и жителите од тој дел ќе добијат нова водоводна мрежа со резервар од 100 метри кубни при што истиот на големо задоволство денес од страна на општината е пуштен преку бирото за јавни набавки и истиот во најбрз можен рок ќе почне со изградба. – Влатко Андоновски ЈП„Камена Река“ М.Каменица
Околу 12 милиони денари е вредноста на овој проект што треба да одпочне реализацијата на истиот откако ќе поминат сите законски рокови предвидени во самиот оглас за јавна набавка.