
Државната изборна комисија ги објави неофицијалните првични резултати од гласањето на Предвремените локални избори за градоначалник на Општина Штип. Излезноста на вчерашните Предвремени локални избори изнесува 34,78%, или на гласање излегле 14.528 граѓани. Според 100% обработени гласови, д-р Сашко Николов со 11.668 гласа е победник на вчерашните избори и е пред кандидатот на Интегра-Македонска конзервативна партија, Симон Поликарп, кој освои 1198 гласа.

Лазар Наумов од партијата ТМРО освои 284 гласа, 283 гласа освои Трајче Митев од група избирачи, а Гоце Анѓелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија освои 271 гласа. Неважечки се 824 гласачки ливчиња.
